61 милијарда долари не се доволно

April 30, 2024
1 min read

Процената на Ројтерс е дека парите што сега ги доби Украина се доволни за оружје и обука на војници до крајот на следната година. Меѓутоа, наспроти финансиските интервенции на САД кои се носат со огромен напор и труд од демократите и поддржувачите на Украина, предлогот е изгласување на повеќегодишен план за финансирање на Украина.

Ќарот од ова е што ќе и даде сигурност на Украина од промените на расположението во САД, ќе го зголеми украинскиот морал, а во исто време ќе им даде поголема самодоверба на производителите на оружје да го зголемат производството.

Ваквиот план би удрил и на самодоверба на Путин и неговите идни планови за војната и подобра преговарачка позиција на Зеленски, кој според Ројтерс нема шанси да ја врати изгубената територија, и овој пат не толку заради парите, туку заради немањето нови регрути.

Споредбата на минатогодишната потрошувачка покажува дека Русија потрошила 109 милијарди долари на војната, наспроти Украина која едвај успеа да собере 65 милијарди (кои изнесуваат неверојатни 37% од нејзиното БДП), надополнети со 88 милијарди евра од Западот, од кои 47 беа за воени потреби. За идните финансиски потреби на Украина процената е дека годинава ќе и требаат најмалку 88 милијарди евра помош како и лани. Киел институтот проценува дека до крајот на февруари 2024 украинските сојузници имаат 103 милијарди евра кои ги ветиле, а уште не ги испорачале.

Потребите на Украина зависат и од тоа каква војна ќе реши да води бидејќи одбраната на сегашните позиции чини далеку помалку отколку секој обид за контраофанзива и ослободување на окупираната територија.

За да се покријат идните потреби Ројтерс проценува дека ќе треба да се пофати по запленетиот руски имот на Западот, кој вреди околу 320 милијарди долари. Меѓу опциите што се размислуваат се запленување на имот, користење на истиот за поддршка на позајмиците од западните држави за Украина или уплаќање на каматите од овие пари на сметка на Киев.

Најповолен исход по Киев би бил да ги добие сите 320 милијарди долари, кои по сегашен курс ќе помогнат во финансирање на војната до 2028, а ако војната заврши порано парите ќе можат да се искористат за повторна изградба на економијата која според Светската банка ќе чини околу 486 милијарди долари.

Проблем со овој план е што најголемиот дел од парите се во Европа, каде запленувањето е премногу комплицирано и не постои нешто многу волја за спроведување на истото.

Нешто поголема веројатност за спроведување има планот за заеднички заем за репарација, во која Украина на група сојузници ќе им ги предаде своето побарување за репарации од Русија, а во замена ќе добие заем од нив. Доколку Москва одбие да ја исплати штетата, тогаш западните сојузници ќе можат да ги искористат замрзнатите руски средства за плаќање на заемот, што би било поиздржано отколку конфискација.

Самиот Зеленски спомна сличен план за долгорочно финансирање на Украина:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Заинтересирани сме за влада која ќе биде европски ориентирана

Следно

Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop