Европа не може да си дозволи да раскине со Кина

April 29, 2024
1 min read

Минатата недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше во Пекинг. Приемот беше доста ладен (види: Не е империјата тоа што беше), а домаќините му дадоа до знаење дека САД мора да изберат „конфронтација или соработка“ со Кинезите. Дипломатскиот речник на Пекинг е прилично јасен и сигнализира дека топката е кај Американците, да донесат одлука за нивната кинеска стратегија.

„Кина е задоволна што гледа самоуверени, отворени, просперитетни САД“, рече Ши. „Се надеваме дека американската страна исто така може да гледа на развојот на Кина во позитивно и проактивно светло“.

Потоа го предупреди Блинкен да не се вклучуваат во „агресивна конкуренција“ со Пекинг.

Не се само кинеските власти уморни од лошо дефинираниот став на Вашингтон кон нив. Мегадонатор на Доналд Трамп, титанот на хеџ фондовите Џон Полсон, предупреди САД да не се обидуваат економски да се одвојуваат од Кина. Полсон, за кој се верува дека ќе биде потенцијален кандидат за министер за финансии на Трамп, го отфрли ставот на администрацијата на Бајден и порача: „Треба да имаме добри економски и политички односи со нив“.

Во Европа, меѓутоа, продолжува хаосот во пристапот кон Кина. Европските лидери сигнализираат дека не сакаат да ги влошат трговските односи со Кина, но нивните постапки почнуваат да зборуваат погласно од зборовите.

Минатата недела Германија уапси кинески државјани под обвинение за шпионажа а во меѓувреме, Европската комисија отвори истрага против ТикТок. Чуден тајминг со оглед на тоа што во Америка се случуува со ТикТок. Се покрена прашања за независноста на Комисијата во својата дипломатска и економска политика.

“Ако Европа ги протера Кинезите од континентот, нејзината економија ќе пропадне. Европа – вклучувајќи го и Обединетото Кралство – е регион кој најмногу се потпира на надворешната трговија во светот. Во 2022 година, увозот сочинуваше помалку од 10% од БДП на Северна Америка. Во Европа, увозот сочинуваше речиси 47% од БДП. Стариот континент е речиси пет пати повеќе зависен од увоз отколку Северна Америка“, потсетува Филип Пилкингтон во Анхерд.

Многумина во Америка не сакаат земјата да се одвои од трговијата со Кина, бидејќи таквиот потег ќе биде штетен за економијата. Тоа би резултирало со уште поголема инфлација и сериозно влошување на американскиот животен стандард. Но, под услов САД да ги надминат социјалните немири предизвикани од падот на животниот стандард, земјата би можела барем теоретски да се адаптира на новата ситуација.

Тоа не е случај со Европа.

Европското производство веќе претрпе удар од високите цени на енергијата предизвикани од санкциите и контра-санкциите поврзани со војната во Украина. Прекинувањето на пристапот до кинеските производи – и оние за широка потрошувачка и инпутите за европската индустрија – неповратно ќе го колабира континентот.

Останува надеж дека кога хистеријата ќе стивне, Европа ќе се потсети дека нејзиниот животен стандард се потпира на сложената меѓусебна поврзаност на глобалниот економски систем.

„Засега барем нема алтернатива. А оние кои сакаат алтернатива треба да работат на нејзино градење, наместо само да се обидуваат да го уништат сегашниот систем“, пишува професорот Пилкингтон.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ

Следно

Се воведува плафон на трошоците за секој клуб од Премиер лигата

Latest from Blog

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

Европската комисија планира до крајот на 2026 година да го објави третиот повик за стратешки проекти за критични минерали, продолжувајќи ги напорите за поддршка на инвестициите и поефикасно издавање дозволи. Според информациите

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум
Go toTop