Дигитализацијата на услугите во земјава, десет години зад развиените земји

April 28, 2024
1 min read

Македонија доцни повеќе од една деценија зад развиените земји во однос на обезбедување дигитални услуги за своите граѓани, и покрај фактот што процесот на дигитална трансформација започна пред 20 години. На доста ниско ниво се и малкуте услуги кои се нудат дигитално, додека во земјава се уште има институции кои немаат ниту компјутер. Универзитетскиот професор Марјан Гушев нагласува дека состојбата со процесот на дигитализација е сериозна, а проблемот е во немањето политичка волја.

Гушев вели дека надлежните треба повеќе да се заложат за подобрување на состојбата, бидејќи проблемот не е само во гласањето закони или објавување тендери.

Од друга страна, Европската комисија во однос на процесот на дигитализација, две години по ред и препорачува на Македонија да ја усвои Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија, но и Стратегијата за сајбер безбедност. Земјата треба да го усогласи и законодавството со она на ЕУ. Минатиот владин и парламентарен состав и покрај неколкугодишните ветувања, не го изгласа Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација со кој беше предвидено формирање на Дигитална агенција. Се очекуваше агенцијата да биде водечка институција во процесот на дигитализација на услугите, обука на граѓаните, но и заштита на институциите од сајбер напади, кои беа чести во изминатиот период./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХАРИС ЏИНОВИЌ БЕЗ ШЕШИР: На пејачот нема да му биде добро кога ќе дознае како е уловен додека седи во дворот од милионската вила, ова еднаш се случува!

Следно

Истражување во Финска покажа дека средношколски професори дискриминираат ученици со имигрантско потекло

Latest from Blog

Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за европската иднина

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту

Заменик министерот за финансии Јанкуловски до Бетиќи: Бројките јасно покажуваат кој го зголеми долгот

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски упати остар одговор до пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, обвинувајќи ја поранешната власт за двојно зголемување на јавниот долг и слаб економски раст, додека актуелната Влада,
Go toTop