ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

April 26, 2024
1 min read

Рубен Даглас, кошаркар чие име некогаш се почитуваше ширум планетата, почина на 44-годишна возраст поради здравствени проблеми, соопшти неговото семејство, а веста потоа ја пренесоа клубовите чии бои ги бранеше.

Рубен Даглас е роден во Пасадена, Калифорнија на 30 октомври 1979 година. Во текот на кариерата во НЦАА ги бранеше боите на Аризона и Њу Мексико, а во 2003 година беше најдобар стрелец на НЦАА лигата.

Истата 2003 година се појави и на драфтот, но не стигна до НБА лигата, па а започна европската авантура.

Даглас играше за Паниониос, Динамо од Москва, Валенсија, Рома, Севиља, Усик од Турција, Фортитудо од Болоња.

Даглас, кој беше репрезентативец на Панама, со која играше на Светското првенство во 2006 година, со тимот на Динамо Москва ја освои титулата во Еврокупот.

Во финалето Динамо го победи Арис со 73:60, а Рубен Даглас беше МВП на последниот натпревар.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

Следно

По страшната дијагноза: Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности

Latest from Blog

Пациентите не се борат само со ракот, туку и со осаменоста

Онколошките пациенти секојдневно водат битка со тешка болест, но многумина од нив паралелно се соочуваат и со осаменост, сиромаштија и недостаток на поддршка од најблиските. На ова предупредува медицинска сестра од Клиниката

Координативен состанок во Министерството за енергетика: во фокус дигитализацијата и кадровското зајакнување

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот

Доменико Тедеско е новиот тренер на Болоња

Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се

Генералното собрание на ОН денеска избира нов претседател

Земјите-членки на Обединети нации избираат наследник на досегашната претседателка Аналена Бербок, а кандидатот овојпат доаѓа како претставник на државите од азиско-тихоокеанската група. Во трка за функцијата се двајца кандидати – актуелниот министер
Go toTop