Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

April 26, 2024
1 min read

Маск во моментов е на два фронта, со властите во Бразил и во Австралија кои бараат на платформата да нема содржини кои тие ги  сметаат за штетни, за расизам, за дезинформации… (Види: Битката со дезинформации е убав бизнис).

Спорот на Маск со бразилските власти е дел од тековната дебата за тоа што да се прави со „дигиталните милиции“ кои се поврзуваат со поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Онлајн поддржувачите на Болсонаро беа предмет на петгодишна истрага од страна на судијата на Врховниот суд, Александре де Мораес, за наводно ширење лажни вести и говор на омраза за време на неговиот мандат.

Притоа, де Мораес издаде забрана за 150 твитер сметки на „дигиталните милицајци“ но добар дел од нив уште се активни. Забраните Маск ги доживеа како „агресивна цензура“ и порача дека „овој судија дрско и постојано го издава уставот и народот на Бразил“.

За возврат, де Мораес покрена истрага против Маск, за попречување на правдата.

Со Австралија, борбата почна со комесарот за е-безбедност кому му се придружија и сенатори и самиот премиер, Ентони Албанезе.

Повод беше обидот за убиство на владиката на асирската православна црква во Сиднеј, Мар Мари Емануел. Комесарот издаде наредба за отстранување на видеата од нападот на глобалните платформи. Мета веднаш прифати. Маск не.

Проблемот беше што австралиските власти не бараа видеата да не можат да ги видат само луѓето во Австралија туку да ги нема за сите ширум светот  (за Австралијците да не можат да се снаоѓаат со ВПН-и), на што Маск им  порача дека не може австралиските закони да важат надвор од нивната територија. Па ги гео-блокираше видеата само за Австралија.

„Ако на која било земја ѝ е дозволено да цензурира содржина за СИТЕ земји, како што бара австралискиот комесар, тогаш што ќе спречува некоја земја да го контролира целиот интернет? пиша Маск на Икс.

Австралискиот премиер го нарече Маск „арогантен милијардер“ кој мисли дека е над законот, ама па добро, не е тој еден од најбистрите (види: Австралија, мора ли толку глупо?).

На 10 мај предметот ќе се најде на суд а ако изгубат, Маск и Икс се соочуваат со казна од 500.000 долари за секој ден во кој нема да биде направено како што сакаат властите.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Следно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

Latest from Blog

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат

Најскапото „селфи“ на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди, Дурент, Родри…

Мајкл Рубин, бизнисмен со околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурент, една од најголемите ѕвезди во НБА, направи селфи со шпанскиот

Промет од 127 милиони денари на Македонската берза, НЛБ Банка најголем добитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 13.07.2026 до 17.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 127.154.172,56 денари, од кои

Проданоски: Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на Пиво Фест 2026

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изрази задоволство од успешниот почеток на годинашното издание на Пиво Фестивал, оценувајќи дека првата фестивалска вечер поминала во одлична атмосфера, со голема посетеност и богата музичка програма.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси запре

 Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред
Go toTop