Германија ја одобри испораката на Леопард 1 во Украина

February 3, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската Влада ја одобри испораката на тенковите Леопард 1 на Украина, од нејзините залихи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Повикувајќи се на владини извори, дневниот весник „Зидојче цајтунг“ денес објави дека штом ќе биде завршено нивното сервисирање, испораката може да се реализира.

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ и компанијата за производство на возила од Фленсбург (FFG) се подготвени да сервисираат десетици тенкови Леопард 1, кои би можеле да му бидат достават на Киев доколку сака да ги купи.

Весникот, исто така, објави дека германската Влада е во разговори со Катар за можно купување на 15 тенкови Гепард кои ќе бидат испратени во Украина.

Доха ги купи овие тенкови за обезбедување на стадионите на Светското првенство кон крајот на минатата година.

Во врска со новиот развој на настаните, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, истакна дека овие тенкови ќе бидат корисни за Украинците во борбата против Русија.

Зеленото светло на Германија минатата недела за испраќање на германски тенкови беше драматичен и чекор за кој Берлин долго се мислеше.

Претходно неделава, полскиот министер за одбрана ја доведе во прашање посветеноста на Берлин за помош на Киев во борбата против Русија, велејќи дека „не сум сигурен дали Германија сака Украина да победи во конфликтот“.

Прашан дали Германците навистина сакаат Украина да победи во војната што избувна минатиот февруари, Мариуш Блашчак рече: „Ова е прашање што секогаш го поставувам кога разговарам со германски официјални претставници“.

Тој за полското Радио 1 изјави дека Германија треба да обезбеди повеќе борбени тенкови за Украина и дека Варшава ќе продолжи да врши притисок врз Берлин во врска со тоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу: „Затворањето на конзулатите на некои западни земји е смислен потег“

Следно

Уште еден плоштад во Скопје се претвори во јавен паркинг

Latest from Blog

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од

Тајланд ја нападна Камбоџа – изведени воздушни напади

Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската

Дневен хороскоп за 8 декември 2025 година

Овен Почетокот на неделата носи внатрешна тензија помеѓу вашата желба да дејствувате смело и вашите вистински ограничувања. Марс, вашиот владетел, се судира со Сатурн, создавајќи чувство на доцнење. Наместо да се предадете

Денеска се празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна
Go toTop