Министерот Спасовски со честитка по повод Рождеството Христово – Божик: Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво

January 7, 2023
1 min read

Интегрална честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод празникот Рождество Христово – Божик:

Дозволете ми свое лично име и од име на МВР да ви го честитам првиот празник меѓу празниците, Рождеството Христово – Божиќ, со желби, пред сѐ, за добро здравје, духовен спокој и мир.

На спасоносниот и најрадосниот ден, кога надежта и верата победуваат, Синот Божји се раѓа, носејќи го семето на вечниот живот за да нѐ избави од ропството на гревот, подавајќи ни рака за наше спасение.

Христовата незалезна светлина духовно нѐ воздигнува и ни отвора нови порти кон нови возвишени цели. Преку новиот живот да создадеме подобра иднина.

Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво. Да бидеме добри секогаш, секаде и со секого.

Нека блескавата Витлеемската ѕвезда повторно го осветли нашиот пат, потсетувајќи нѐ на вистината, дека Христос се роди и Бог го испрати спасението на човештвото.

Честитајќи ви го Божиќ, ви посакувам празничната радост да ја споделите со најблиските, со чисто срце и искрена љубов.

Христос се роди!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момчињата ранети во пукањето кај Штрпце се во добра состојба, прекината блокадата на патот

Следно

Уапсен Албанецот кој пукал во српските момчиња, не се чувстувувал виновно

Latest from Blog

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На првата трговска сесија во новата 2026 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,06%, затворајќи на ниво од

Германија ја заострува миграциската политика: Ограничување за лицата кои доаѓаат во земјата за социјални бенефиции

Член на германската коалициска влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески. На средбата стана збор за тоа како поминаа првите два дена
Go toTop