Волас: Велика Британија не ја исклучува можноста за испраќање на авиони во Украина

February 2, 2023
1 min read

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека Лондон не ја исклучува можноста да испрати авиони во Украина, истовремено предупредувајќи дека тоа не значи „волшебно стапче“ со оглед на потребното време за обука.

– Бев јасен за авионите. Ако има нешто што научивме изминатата година, тоа е да не правиме ништо однапред и да не исклучуваме ништо, изјави Волас.

Киев бара борбени авиони Ф-16 од американско производство како помош за да ја одврати руската инвазија врз Украина. САД соопштија дека засега не планираат да испратат Ф-16 во Украина, но другите земји како Полска се поотворени за тоа прашање.

– Многу сум отворен да размислувам за секаков вид систем, не само авиони, за да и помогнам на Украина. Тие работи не се случуваат преку ноќ. Обуката на украинските пилоти би траела со месеци, истакна Волас, додавајќи дека „нема волшебно стапче за тој ужасен конфликт“.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак пред два дена изјави дека авионите Тајфун и Ф-25 се исклучително софистицирани и оти се потребни месеци обука. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Најтешкиот дел од европскиот план предвидува дека ние нема да се противиме на членството на Косово во меѓународните организации

Следно

Спасовски: Нема да дозволиме да се наруши достоинството, ниту од македонски ниту од бугарски државјани

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop