Штрајк на вработените во компанијата „Кока-Кола“ во Германија

February 2, 2023
1 min read

Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока-Кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица.

Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на платите за 100 евра и еднократен бонус од 1.000 евра за да го неутрализира влијанието на високата инфлација.

Преговарачот на германскиот Синдикат на работници за храна, пијалаци и угостителство (НГГ), Фреди Ајан тогаш го опиша предлогот како „шлаканица во лице“. Според него, важно е платите да се зголемуваат согласно инфлацијата.

Се очекува преговорите да продолжат на 8 февруари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Супервештачењето за „Ласкарци“ за обвинителот занемарило важни докази, за оштетените е пропаднат обид да одговара само возачот

Следно

Геровски: Политиката на владата на СДСМ е да се прифати се од бугарска страна, дури и со уцени врз пратениците нема да обезбедат 2/3 мнозинство за уставните измени

Latest from Blog

Видео: Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Нема мигранти“ и „Турци надвор“

Обвинителите објавија дека заради инцидентот се упасени државјанин на Турција и на Азербејџан. Демонстрантите извикуваа „Нема да имаме мигранти“ и „Турците нема да шетаат низ градот“ и носеа транспаренти на кои пишуваше

Барселона во декември ќе одигра натпревар вреден 8 милиони!

Фото: Барселона Х Барселона треба да одигра пријателски натпревар во Перу во декември, што ќе им донесе многу пари. Финансиската понуда беше неодолива за раководството на Барселона, особено по „неуспехот“ на планираниот

Најмалку 60 лица загинаа во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

Најмалку 60 лица, меѓу кои и голем број деца, беа убиени за време на израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните болнички претставници. Нападите се случија

Светиот маченик Лонгин

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и

Најстудено во Берово, а еве во кој македонски град е најтопло утрово

Најстудено утрово е во Берово, -3 степени Целзиусови, а максимални 5 степени се измерени во Охрид. Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е во Лазарополе, 0 во Скопје–Петровец, Тетово, Битола, Демир
Go toTop