ЕУ најави нов, десетти по ред пакет санкции против Русија

February 2, 2023
2 mins read

Одговарајќи на коментарите на украинскиот претседател, кој рече дека Киев се надева оти кампањата за санкции на ЕУ ќе добие замав откако неодамна се чини дека малку забавила, шефицата на ЕК, Фон дер Лајен рече дека ЕУ заедно со партнерите од Г7 ќе воведе дополнително ограничување на цената на руската нафта  до 24 февруари – годишнината од руската инвазија на Украина

Европската унија (ЕУ) планира да воведе нов, десетти по ред пакет санкции против Русија од почетокот на руската воена инвазија на Украина пред безмалку една година.

Ова денеска го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која е во посета на Киев во пресрет на утрешниот самит на Европската Унија и Украина кој ќе се одржи во украинската престолнина.

За време на прес-конференцијата по заедничкиот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Лајен рече дека Русија плаќа висока цена поради санкциите воведени од Унијата, кои, како што додаде, ја вратија Русија една генерација наназад.

„Само горната граница на цената на нафтата во ЕУ предизвика Русија да губи околу 160 милиони евра дневно“,

рече претседателката на ЕК.

Одговарајќи на коментарите на украинскиот претседател, кој рече дека Киев се надева оти кампањата за санкции на ЕУ ќе добие замав откако неодамна се чини дека малку забавила, Фон дер Лајен рече дека ЕУ заедно со партнерите од Г7 ќе воведе дополнително ограничување на цената на руската нафта  до 24 февруари – годишнината од руската инвазија на Украина.

„Нашата цел е да го воспоставиме десеттиот пакет санкции“,

додаде Лајен.

За време на прес-конференцијата со Зеленски, шефицата на ЕК ја пофали украинската влада за преземање брза акција против корупцијата, што е еден од главните услови што Брисел ги постави како задолжителни за напредокот на Киев кон евентуалното членство во ЕУ.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и тим од 15 членови на високата делегација на ЕУ денеска дојдоа во Киев на првиот заеднички состанок со украинската влада, еден ден пред самитот на Европската Унија -Украина во Киев.

„Добро е да се вратиме во Киев, четврти пат од почетокот на руската инвазија. Тука сме за заедно да покажеме дека ЕУ стои зад Украина цврсто како и секогаш и дополнително да ја продлабочиме нашата поддршка и соработка“,

напиша фон дер Лајен на Твитер по пристигнувањето со воз во главниот град на Украина.

Меѓу членовите на делегацијата на ЕУ која пристигна во Киев се и високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Утре во Киев ќе се одржи самитот на ЕУ, прв ваков собир на највисоките претставници на Европската Унија од почетокот на руската инвазија. Претставниците на Европската Унија пристигнуваат во Киев со ветувања за поголема воена, финансиска и политичка помош, симболично патување кое треба да ја нагласи поддршката за Украина како што се приближува првата годишнина од руската инвазија.

Освен дополнителниот пакет санкции против Русија, на утрешниот самит ќе се разговара и за испраќање дополнително оружје и пари во Украина, зајакнување на пристапот на украинските производи на европскиот пазар како и помош на Украина да ги покрие своите енергетски потреби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија

Следно

Бајден на молитвениот појадок повика на единство

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop