Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија

February 2, 2023
1 min read

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови”.

-Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Северна Македонија, од каде што биле изнесени илегално.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Месиќ: Ако Додик се одлучи за сецесија, би ја ангажирал армијата за да се пресече коридорот во Посавина

Следно

ЕУ најави нов, десетти по ред пакет санкции против Русија

Latest from Blog

СЗО предупредува на можно враќање на сипаниците

  Светската здравствена организација (СЗО) во петокот предупреди на можноста за повторно појавување на мали сипаници поради слабеење на имунитетот на населението и ниски стапки на вакцинација, и покрај значителното намалување на

Автомобил излетал од коловозот, паднато дрво на патот Кичево – Охрид кај Ботун

Вечерва на магистралниот пат Кичево – Охрид, на потегот помеѓу селата Ботун и Мешеишта, во близина на Климештани, автомобил излетал од коловозот, јавува Ohrid1. Според информациите од наши читатели, на овој дел

Непал ќе ги прогласи за мртви сите 5.500 исчезнати во поплавите во август- меѓу нив се 623 странци

Глечер на голема надморска височина на границата меѓу Непал и Кина се урна на 26 август, ослободувајќи бујна вода, мраз, камења и остатоци. Повеќе од 1.400 луѓе загинаа во поплавите во Непал,
Go toTop