Кевин Мекарти од 15. обид избран за спикер на Претставничкиот дом

January 7, 2023
1 min read

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го избра републиканецот Кевин Мекарти за нов спикер по досега невидена ситуација која опфати дури 15 рунди на гласање, иако неговата партија го има мнозинството. Мекарти беше избран по низа отстапки кон групата тврди десничари и драматичниот притисок врз Мет Гец, еден од најголемите бунтовници меѓу Републиканците.

Конгресменот од Флорида беше меѓу шестемина пратеници кои конечно попуштија утрово. Тие не го поддржаа Мекарти за лидер, но и не гласаа за неговиот противкандидат, овозможувајќи му да победи со тесни 216:212 во гласови.

„Татко ми секогаш велеше, не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Сега почнува тешката работа“, изјави Мекарти, кој најави истраги и судски покани за демократите, меѓу кои и за претседателот Бајден.

Гласањето траеше четири дена, во текот на кои имаше жестоки расправии помеѓу републиканците, што се закани да прерасне во физичка пресметка кога Мајк Роџерс му се пушти Гец, пред да биде смирен од колегите.

„Се надевам дека едно стана јасно по оваа недела: јас никогаш не се откажувам. И нема да се откажам од американскиот народ“, кажа Мекарти откако беше избран за наследник на Ненси Пелоси.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдено тело на 68-годишна жена во Скопје

Следно

СОНЧЕВ БОЖИЌ Температурите во земјава денеска до 16 степени

Latest from Blog

Во Казахстан денеска референдум за нов Устав, што ќе ја зајакне моќта на претседателот

Според предлогот, двата дома на казахстанскиот Парламент би се споиле во еден и би му дале право на претседателот да ги назначува сите владини функционери, вклучително и повторно воведување на функцијата потпретседател.

Мајорка со пресврт до домашен триумф

Екипата на Мајорка во приот денешен дуел од програмата во шпанска Примера на свој терен успеа да го совлада Еспањол со 2:1. И тоа со пресврт откако гостите преку Пикел поведоа со
Go toTop