Потврдија коалиција, но што говореше до неодамна Зијадин Села за лидерот на ДУИ

March 29, 2024
1 min read

Попознат како најгласниот албански опозиционер, Зијадин Села во минатото ја обвинуваше ДУИ и нејзиниот лидер за низа проблеми поврзани со состојбата на Албанците. Освен тоа, Села го впери прстот кон Ахмети за обидот за атентат врз него на 27 април.

„Бидејќи јас сум монструмот што мора да биде казнет, тогаш си земам за право да констатирам дека дури и атентатот на 27 април, бидејќи Али Ахмети не беше таму, го подготвил тој. Затоа што ова беше следниот политички атентат што ми се правеше“, велеше Села.

Во меѓувреме, во 2020 година, неколку дена по парламентарните избори кога почнаа преговорите за Влада и се зборуваше за можноста првиот премиер Албанец, Села изјави дека на Али Ахмети не може да му се верува.

„Дали веќе му се верува на господинот Ахмети? Не, не треба да му се верува. Затоа што ти тргнуваш на пат со него, а тој те остава на сред пат. Оти те пушта да се соочиш со толпа хулигани само кога има министер за внатрешни работи. Затоа што некаде се крие и можеби, не знам, пресметал дека по 27 април ќе има еден политички противник помалку. Затоа што овде се повикува на албанство, но тој е сезонски Албанец, им реков, немаше проблем на локалните избори да се здружи со ѓаволот само за да ја задржи власта“, велеше Села.

Повторно запрашан околу тоа што ДУИ бараше премиер или претседател Албанец, тој рече дека не коментира девијации.

„Ве молам, не земајте минутажа од оваа многу важна емисија за граѓаните, за да ги коментирате следните заблуди и лаги на човек кој од ден на ден прави девијација. Тоа е сè што ќе кажам“, говореше Села.

Обвинувањата на Села против Ахмети не изостанаа ниту во однос на Законот за употреба на јазиците и Законот за државјанство. Критики беа упатени и кон политичките партии кои влегоа во Владата заедно со ДУИ, обвинувајќи ги дека и служат на ДУИ.

Вчера Села и неговото крило во Алијанса за Албанците се изјаснија дека на изборите ќе се натпреваруваат со заеднички листи со ДУИ, при што се таргетираат пет пратеници и формирање на посебна пратеничка група.

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваат

Следно

Политичари како инфлуенсери во изборната себепромоција на социјалните мрежи

Latest from Blog

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop