Кина: Воената експанзија на САД во Азија ги влошува тензиите

February 2, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денеска предупреди на влошување на тензиите во Азиско-пацифичкиот Регион, по одобрувањето од Филипините да ѝ дадат пристап на американската војска до уште четири бази во оваа југоисточна азиска држава, пренесува Анадолу.

„Одбранбената соработка не треба да ги таргетира или да им наштети на интересите на трета страна“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

„Поради себичниот менталитет, САД притискаат со поголемо воено присуство во Азија, влошувајќи ги тензиите“, рече Мао, одговарајќи на дадениот поголем пристап на САД до воените бази на Филипините, објави кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“ (Global Times).

Претходно денеска, Филипините одобрија пристап на американската војска до уште четири бази во земјата, а американското Министерство за одбрана објави дека новите локации „ќе овозможат побрза поддршка за хуманитарните и климатските катастрофи на Филипините, како и побрз одговор на други заеднички предизвици“.

Објавата дојде за време на посетата на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, на Филипините, најстариот воен сојузник на Вашингтон во Азија.

Дозволата за пристап до повеќе воени бази е во рамките на Договорот за засилена одбранбена соработка (EDCA), потпишан во 2014 година.

ЕДКА е воен договор меѓу Манила и Вашингтон потпишан за време на Владата на поранешниот филипински претседател Коразон Акино, дозволува зголемено ротациско присуство на американски војници, авиони и бродови во воените бази на Филипините, како и изградба на објекти за складирање гориво и опрема.

Во 2016 година, Вашингтон имаше пристап до пет филипински воени бази.

Во врска со средбата меѓу тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен и пензионираниот американски адмирал Филип Дејвидсон, Мао рече: „Тензиите во Тајванскиот Теснец произлегуваат од постојаните потези на тајванските власти за независност потпирајќи се на САД.“

„САД треба сериозно да ја реализираат заложбата за недавање поддршка за независност на Тајван“, рече портпаролката на кинеското МНР.

Кина го смета Тајван за своја отцепена провинција, додека Тајпеј инсистира на своја независност од 1949 година, уживајќи целосни дипломатски односи со најмалку 14 држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„ИРД инженеринг“ потпиша договор за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Следно

Путин денеска ќе го посети поранешен Сталинград: Во градот е откриена биста на Сталин

Latest from Blog

ВИДЕО: Голем напад со дронови на Москва, одекнуваат експлозии

МОСКВА беше цел на десетици напади со беспилотни летала синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој известуваше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински беспилотни летала

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот, пред тунелите на Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента. АМСМ информира дека во меѓувреме на

Фото: Чуварката на плажа не излегува од бикини

Познатата актерка Дона Дерико која се прослави со улогата во легендарната серија „Чувари на плажа“,  каде ја играше прекрасната Дона Марко, сега покажа дека годините не ѝ можат ништо и дека за

Лацио минимално подобар од Јувентус

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата
Go toTop