Kандидатите за претседател расположени за мастер дебата, останува да се договорат техничките аспекти

March 28, 2024
1 min read

Изборните штабови на шестмината претседателски кандидати одговориле позитивно на иницијативата на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, да се одржи мастер дебата на која сите претенденти за шеф на државата ќе имаат можност да ја претстават својата програма и својот концепт за тоа како ќе ја водат државата доколку победат, брифираат од изборниот штаб на Пендаровски.

Дел од кандидатите имале свои услови, од дебатата да се изземат некои од нивните ривали, пред се Стевчо Јакимовски бидејќи е на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска поради нејзините наративи, но од штабот на Пендаровски велат дека тоа не е можно.

„Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички“, посочија од изборниот штаб на Пендаровски на денешниот брифинг со новинарите.

Оттаму додаваат дека најверојатно ќе има само една мастер дебата, бидејќи времето не дозволува да се одржат две и таа би се реализирала на почетокот од кампањата, односно, планот е таа да се одржи до 10 април.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

Следно

Предвремена кампања, десетици претставки до Анти-корупциска

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop