Белгискиот премиер: „Не може да се толерира поддршката на терористичките организации како што е ПКК“

March 28, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Луѓето се слободни да имаат мислења и размислувања, но искажувањето поддршка кон организации класификувани како терористички организации, како што е ПКК, не може да се толерира, изјави вчера премиерот на Белгија, Александер Де Кро, јавува Анадолу.

По неодамнешните насилни напади над Турците низ Белгија, Де Кро остро ги осуди постапките на симпатизерите на терористите на ПКК, означувајќи ги нападите како „неподносливи провокации“.

Обраќајќи им се на новинарите по состанокот на Советот за национална безбедност, Де Кро ја нагласи посветеноста на Белгија на слободата на изразување, но цврсто ја осуди секоја поддршка на терористичките организации како што е ПКК.

Тој нагласи дека ПКК е прогласена за терористичка организација во Европа.

„Сакаме јасно да ја пренесеме пораката: Провокациите мора да престанат“, рече белгискиот премиер.

Тој напомена дека во актите на насилство биле вклучени и многу поединци од странство.

„Меѓутоа, немаме никакви докази дека се организирани од странство“, рече Де Кро.

По серијата напади во Европа од страна на симпатизерите на терористичката група ПКК, Туркије вчера ги повика европските земји да преземат брзи мерки, наведувајќи дека очекува дотичните земји да ги изведат напаѓачите пред лицето на правдата.

Припадниците на терористичката организација ПКК се собраа во неделата во белгискиот град Левен и нападнаа турски државјани што живеат во градовите Хезден-Золдер и Хаутхален. Во нападите се повредени неколкумина турски државјани.

ПКК е сепаратистичка и терористичка организација што се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и САД.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Следно

Крвав напад со нож во САД, има жртви и повредени

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop