Русија планира нова офанзива за 24 февруари, изјави украинскиот министер за одбрана

February 2, 2023
1 min read

Украинскиот министер за одбрана рече дека украинските команданти ќе имаат задача „да ја стабилизираат линијата на фронтот и да се подготват за контраофанзива“ пред очекуваната руска офанзива

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди дека Русија подготвува нова офанзива која би можела да започне веќе на 24 февруари, на првата годишнина од руската инвазија. Тој тврди дека Русија подготвила илјадници војници и би можела да „проба нешто“ за да ја одбележи годишнината од почетокот на војната, пренесува Би-би-си.

Новата офанзива на тој ден би го одбележала и рускиот празник на бранителите на татковината 23 февруари, кој е посветен на руската армија. Резников рече дека Москва мобилизирала околу 500 000 војници за потенцијална офанзива.

Минатиот септември, рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300 000 резервисти за војната во Украина, наведувајќи дека мобилизацијата е неопходна за „зачувување на територијалниот интегритет“ на Русија. Сепак, Резников сугерира дека реалниот број на мобилизирани би можел да биде значително поголем.

„Официјално објавија 300 000, но кога ги гледаме силите собрани на границите, проценуваме дека тоа е многу поголема бројка“,

изјави Резников за француската телевизија БФМ.

Би-би-си пишува дека не може независно да ги потврди тврдењата на Резников.

Украинскиот министер за одбрана рече дека украинските команданти ќе имаат задача „да ја стабилизираат линијата на фронтот и да се подготват за контраофанзива“ пред очекуваната руска офанзива.

„Верувам дека оваа година ќе биде година на нашата воена победа“,

тврди Резников, додавајќи дека украинските сили „не смеат да ја изгубат иницијативата“ што ја имаа во изминатите месеци.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Хил: Врската на Србија со Русија од ден на ден слабее

Следно

Сончев ден, од попладне врнежи од снег

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop