Пандов: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за чесно и достоинствено да се прослави 4 февруари

February 1, 2023
1 min read

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме се за чесно, достоинствено да се прослави роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, рече Александар Пандов, прв човек на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Според него секој што гледа со пиете на Гоце Делчев може да дојде на гробот, но не е дозволиво да има навреди како што беше на 13 јануари на чествувањето на Мара Бунева кога имаше низа на несоодветни квалификации за Македонија и Македонците.

„Не смееме да дозволиме никој да ги оцрнува револуционерите, гробот пак на Делчев е свето место. Убеден сум дека многумина ќе дојдат во сабота, никој веќе не му се плаши на Оливер Спасовски“, посочи Пандов укажувајќи дека очекува МВР да си ја заврши работата како што треба.

Пандов посочи „ние одиме таму да го чествуваме денот, а не да правиме било какви проблеми“.

Според него сето ова што се случува во Бугарија, меѓу другото и случајот Пендиков, е затоа што ќе имаат избори и повторно Македонија ја наметнуваат како тема.

Пандов се осврна и воопшто на ситуацијата во земјава при што укажа дека единствен начин за излез од ситуацијата е да се одржат избори.

„Ние имаме институции во кои довербата е во рамки на статистичка грешка, Проблемот на имање на корумпирани политичари е што тие се уценети, а под уцена прифаќаат се. Таква е ситуацијата во Македонија“, рече Пандов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД загрижени поради ослободувањето на осуден убиец на вработени во амбасадата во Судан

Следно

Бериша: На 11 февруари масовен антивладин протест и почеток на најсилната револуција во историјата

Latest from Blog

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата
Go toTop