Алтернатива вечерва ќе пресече – останува или си оди од Владата при евентуален влез на Алијансата за Албанците

February 1, 2023
2 mins read

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски со кој разговарал за евентуално проширување на владиното мнозинство. Како што соопшти Таравари по средбата, Алијанса за Албанците е сè поблиску до влез во Владата, програмите се усогласени, а на ред се кадровските решенија

Партиското раководство на Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата.

Алтернатива во неколку наврати досега нагласуваше дека нема потреба од проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците бидејќи тоа е стабилно, нагласувајќи дека договорот за коалицирање треба да се почитува.

„Ние кога станавме дел од оваа влада, потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“,

рече неодамна секретарот на партијата Зеќирија Ибрахими.

Тој истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.

„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да нè информира. Не е политички коректно. Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе? На Алтернатива не ѝ смета Алијанса за Албанците да влезе во Владата, нам ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“,

изјави Ибрахими.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски со кого разговарале за евентуално проширување на владиното мнозинство. Како што соопшти Таравари по средбата, Алијанса за Албанците е сè поблиску до влез во Владата, програмите се усогласени, а на ред се кадровските решенија.

„Околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме затоа што средбата траеше многу долго. Се надевам дека деновиве што се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи што треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа влада“,

рече Таравари по средбата со Ковачевски.

Во однос на распределбата на ресорите, лидерот на Алијанса посочи дека како партија имаат најдобри кадри за Министерството за здравство.

И премиерот Димитар Ковачевски синоќа, пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците и нагласи дека во делот на сите други аспекти од можна соработка разговорите ќе продолжат.

Тој посочи дека со Таравари се разговарало за скринг-процесот со ЕУ, претседавањето со ОБСЕ, стратегискиот дијалог со САД, владеењето на правото, реформските закони, финансиската контрола, намалување на злоупотреба на балансерот за вработување, рамномерен регионален развој итн.

За кадровски решенија, исто како и Таравари, и Ковачевски рече дека не се разговарало.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција.

Понатамошните разговори со партијата ќе ги води работна група во која покрај премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе учествуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор и министер за земјоделство Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на социјалдемократите Јован Митрески.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сѐ што е гага има крај

Следно

Во Велика Британија се одржува најголемиот штрајк во последните 10 години

Latest from Blog

Коњановски: Хепенингот „Обоиме во пријател“ го донесе сонцето во Битола

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Лајонс клубот Кабадаја организираше хуманитарен хепенинг под мотото „Сонцето свети за сите или обоиме во пријател“. Настанот, кој се одржа во Битола,

Brif.mk: Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност

Првиот чекор во подземен рудник никогаш не е директно кон јамата. Првиот чекор е кон обуката, независно дали станува збор за млад практикант, студент на магистерски студии, нов вработен, инженер, надворешен изведувач

Утре ја имаме последната Супермесечина за оваа година: ќе биде поголема и посветла од вообичаеното (ВИДЕО)

Подгответе се за небесен спектакл додека последната полна месечина за 2025 година излегува во полн сјај. В четврток, 4 декември, додека северната хемисфера се подготвува за зима, таканаречената Студена Супермесечина ќе се

Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска, ВМРО-ДПМНЕ со барање за договор за една анкетна за трагедиите

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како
Go toTop