Судот во Стразбур на 16 февруари ќе ја објави одлуката за аболицијата од Иванов

February 1, 2023
2 mins read

До Стразбур во 2017 и 2018 година беа испратени девет апликации од поранешни функционери кои беа на списокот аболирани. Владата, пак, според изјавите на поранешниот министер за правда Маричиќ, испрати одговор на 60-ина страници и уште илјадници страници доказен материјал

Дел од поранешните функционери што ги спорат предметите на СЈО во Стразбур

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур на 16 февруари треба да ја објави одлуката за аболицијата што им ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на поранешни функционери и други лица што ги гонеше Специјално јавно обвинителство (СЈО). Информацијата за датумот на објава за „Фокус“ ја потврди и владиниот агент од Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП, Даница Џонова.

„За дел од предметите за кои се интересирате има најава за објава на 16 февруари на интернет-страницата на Судот за човекови права во Стразбур“,

вели Џонова за „Фокус“.

Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

Дел од поранешните функционери што беа на списокот на Иванов потоа во Стразбур ги проблематизираа постапките што против нив ги водеше СЈО повикувајќи се на аболицијата. Од истиот аспект често нивните адвокати ги оспоруваа предметите и пред домашните судови повикувајќи се на тезата дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

Првата апликација до Стразбур беше испратена на почетокот на ноември 2017 година од поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, преку адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

До крајот на 2018 година, пак, беа поднесени уште осум, а меѓу апликантите се и: бившиот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот градоначалници на Гази Баба и на Пустец (Албанија), Тони Трајковски и Едмонд Темелко.

Одговор, пак, Владата до Стразбур испрати во јуни 2021 година. Тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ информираше дека Владата подготвила одговор на повеќе од 60 страници и уште доказен материјал од илјадници страници.

„Навистина интензивно се работеше на подготовка на овој одговор, со сериозен стручен правен тим со експерти од дома и од странство, кои мислам дека го извлекоа максимумот и можам да кажам дека со мирна совест го проследуваме одговорот денеска“,

изјави Маричиќ на 11 јуни 2021 година.

Доколку одлуката на Стразбур биде во полза на аболицираните, тоа би значело и дека најголем дел од предметите на СЈО ќе пропаднат во вода.

Аболицијата на Иванов крена голема врева и полемизирање во јавноста. Тој ја даде повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување. Меѓутоа, она што е спорно е дали тој член воопшто бил во сила во 2016 година кога беше дадена аболицијата или не. Зошто?

Членот 11 предвидува „претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилувања и без спроведување на постапката за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано“.

Тој е дел од Законот донесен во 1993. Меѓутоа, во 2009 година, кога Бранко Црвенковски како претседател на државата го помилува Зоран Заев, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласа законски измени со кои го избришаа членот 11.

Но, во 2016 година – непосредно пред Иванов да се одлучи да направи аболиција, тогашниот состав на Уставен суд одлучи да ги укине измените на Законот од 2009 година. Она што го спореа дел од експертите во однос на аболицијата е дека претседателот, сепак, и покрај одлуката на Уставен не можел да го изврши помилувањето бидејќи тоа што се укинати законските измени од 2009 година, не значи и дека е „оживеан“ и вратен во сила членот 11.

Поради бурните реакции, револтот и масовните протести што ги предизвика Иванов во април 2016, тогашниот парламентарен состав за да му овозможи основа да ги повлече помилувањата, кои и така беа оспорувани дали воопшто можел да ги даде, донесе законски измени вметнувајќи член 11-а кој предвидуваше: „претседателот може во рок од 30 дена од денот на донесување на законот да го поништи помилување“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доналд Трамп за изборот меѓу Путин и „битангите“ од американското разузнавање

Следно

Нов изданок на турската одбранбена индустрија: Оклопниот транспортер 8 х 8 Арма 2 спремен за сериско производство

Latest from Blog

Голо Брдо се празни: Масовно иселување од Требиште

Административната единица Требиште, дел од општина Булќиза во областа Голо Брдо, некогаш претставувала силна и бројна со околу 700 семејства, по масовното иселување што започнало по 1990-тите години. Жителите што сè уште

Пожар во Будимпешта по експлозија во хотел: Има загинати и повредени

Смртоносен пожар избувна рано утринава во хотел во унгарската престолнина Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од дваесет се повредени, дел од нив во тешка состојба. Пожарот зафатил двокатна зграда

Раичевиќ за 24 Анализа: Ако станам државен ЈО ќе ги расчистам „Бонусите на СЈО“

Ако станам државен ЈО ќе направам надзор над затворената постапка за “Бонусите на СЈО” , порача во 24 анализа кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ. Раичевиќ тврди дека пиради јавносѕа ОЈО

Цветановски за Република: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што се случувало во СЈО, притисокот врз мене почна по предметот „Бонусите“

Изјавите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу за случувањата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не се изненадување за правосудната фела, вели вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во интервју за „Република“. Според него, нејзините

Морничава теорија за тоа зошто Епштајн толку често во мејловите одговарал со „упс“

Анализирајќи ги шокантните тврдења и електронската пошта од објавените досиеја, набљудувачите претходно забележаа дека зборови како „пица“ и „сладолед“ се споменуваат невообичаено често и надвор од контекст, поттикнувајќи шпекулации за нивно скриено
Go toTop