САД сакаат да спречат Косово да влезе во Советот на Европа додека не го смени ставот за Заедницата на српските општини

January 31, 2023
1 min read

Според српската редакција на „Еуроњуз“ таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија

САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), објави српската редакција на „Еуроњуз“.

Повикувајќи се на дипломатски извори, „Еуроњуз“ објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, добиле нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета оти прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставен на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.

„Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина“,

пишува „Еуроњуз“.

Според медиумот таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.

Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Алијанса за Албанците сè поблиску до владиното мнозинство – програмите усогласени, на ред се кадровските решенија

Следно

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop