„Њујорк тајмс“: Израел го организирал конвојот со помош за Газа кога се убиени 118 Палестинци

March 3, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот весник „Њујорк тајмс“ тврди дека Израел го организирал конвојот со помош пред кој чекаа многу луѓе кога во израелски напад на 29 февруари беа убиени повеќе од 100 жители на Газа, пренесува Анадолу.

Во разговор за „Њујорк тајмс, двајца западни дипломати, кои сакаа да останат анонимни, открија дека израелските власти им рекле дека се обидуваат да ја пополнат празнината која е присутна по прашањето на хуманитарната помош во тој регион.

Понатаму се наведува дека израелските официјални претставници стапиле во контакт со некои луѓе од Газа и ги замолиле да помогнат во организирање на конвојот за помош во регионот и дека безбедноста на конвојот ќе ја гарантира Израел.

Бизнисменот од Газа, Изат Акел, кој рече дека помогнал во координирањето на конвојот со помош за кој станува збор, за „Њујорк тајмс“ изјави дека израелски воен офицер пред десетина дена го замолил да организира камиони со помош за северна Газа.

Во нападот на израелската војска врз Палестинците кои чекаа помош во градот Газа во четвртокот, загинаа 118, а ранети беа 760 Палестинци.

Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека бројот на загинати во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа се зголемил за 90, достигнувајќи вкупно 30.410.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нова сезона со раскопан автопат кон Охрид

Следно

Потрес во израелскиот Воен кабинет поради несогласувањата меѓу Нетанјаху и Ганц

Latest from Blog

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на
Go toTop