Во делови во Македонија, пита со паричка се спрема за Василица

January 6, 2023
1 min read

„Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си, дома да си“. Од мала ми одѕвонуваат овие зборови на баба ми. Па, еве ме, и мене дома за заедно со моето семејство да си ги прославиме Бадник и Божик, како што отсекогаш било традиција во нашиот дом“, вели Фросина Ѓорѓиоска која повеќе години живее и работи на Малта. „Јас и таму си ги празнувам сите наши празници. Сакам на моите тамошни пријатели да им покажам која сум, од каде доаѓам, кои се нашите убави, македонски адети“, со гордост раскажува Фросина.

„За овие традиции малку е чудно таму. Има различни народи. Во секој случај, ние помладите пробуваме да ја негуваме традицијата колку што е можно повеќе. Коледе, Божик и Велигден како најголеми наши празници ги славиме исто таму. Претежно имам гости од повеќе држави. За нив е интересно, чудно, ново. Претежно за Бадник сум дома, со поголем број на гости, со посна трпеза, секако“, објаснува Фросина Ѓорѓиоска.

Ленче Спиркоска пак, е мајка на две ќерки. Едната и’ е иселена во Австралија Ама, вели, и неа ја научила, за таа и таму да ги празнува овие наши празници, на што е особено горда. Единствено, тешко и’ e, што заради далечината, празниците често ги слават гледајќи се преку интернет.

„Јас имам две ќерки и знам дека и тие продолжуваат со традицијата. А имам и ќерка во Автсралија. Таа, таму вика, па уште повеќе ги практикуваат. Баш денеска се слушнавме со ќеркава, вика правам, мамо, мазник, правам кора, правам сарма, правам грав. Зошто ? За Бадник. И таму на прв ден Божик, сите се в црква. Не знете колку народ има по црквите во Австралија“– објаснува Ленче Спиркоска.

Дека традицијата се одржува жива, потврда се и активностите на членките од Здружението „Преродба“, кои за Бадниковата вечера, а која е исклучиво посна, се подготвуваат со денови. Обаснуваат дека Бадник е семеен празник и затоа на Бадниковата вечера целото семејство се собира околу празничната трпеза во исчекување на радосната вест за Христовото раѓање. Тогаш, гости не доаѓаат, ниту пак, се оди на гости.

„Во таа посна трпеза имаме многу посни работи. Гравче, сарма, компот, тиква, а кај нас во Прилеп се става и лукче, а се става и мед. Лукот да не’ чува од зли духови, медот да бидеме благи, да ни биде убаво во наредната година. Имаме посебно и бадниково дрвце. Тоа го означува раѓањето на Христос. Најважно е семејството да се сплоти, да биде на едно место и затоа рекле – „Пред Божик, зад Божик, каде и да си, дома да си“ – ни рече Илка Илиоска од Здружението „Преродба“.

Што се однесува пак, до паричката на среќата, во прилепскиот крај, таа не се става за Бадник, туку се става за Василица, во Василичарскиот бурек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Талибанците до принцот Хари: Kоментарите на принцот се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа

Следно

Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср

Latest from Blog

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци
Go toTop