Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина

January 31, 2023
1 min read

Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка нема да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина

Кремљ денеска соопшти дека повиците на Литванија да ѝ се помогне на Украина со испраќање напредни борбени авиони се „доказ за исклучително агресивните ставови“ на балтичките земји.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „големите европски земји“ треба да се спротивстават на таквите ставови.

Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка нема да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина. Киев неодамна во неколку наврати ги повика своите сојузници да ѝ донираат напредни борбени авиони на Украина за да може да воспостави контрола над нејзиниот воздушен простор.

Украинското воено воздухопловство во моментов користи стари советски борбени авиони. „Скај њуз“ потсетува дека извор од британското воено воздухопловство неодамна одговори „никогаш не вели никогаш“ на прашањето за донации на борбени авиони и додаде дека тоа „во моментов не е приоритет“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски на средба со в.д. амбасадорот на Германија

Следно

Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop