Украина го критикува Милановиќ за неговите коментари за Крим

January 31, 2023
1 min read

Реакцијата на украинската дипломатија која ги нарече неприфатливи изјавите на хрватскиот претседател е одговор на коментарот на Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени како неприфатлива изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој вчера кажа дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола. Според украинското МНР, со оваа изјава Милановиќ го довел во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во деведесеттите, додека Хрватска се бореше да ја зачува својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам“,

напиша портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко, на Фејсбук.

Во обајавата на Фејсбук портпаролот на МНР на Украина додава оти поради надворешната агресија Хрватска можела да изгуби една третина од својата територија, но како што вели, благодарение на херојската борба, Хрватите успеале да ја заштитат независноста на својата земја.

На крајот на објавата Николенко вели оти изјавите на Милановиќ за Крим се неприфатливи бидејќи го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Наместо тоа, ние многу ја цениме и им благодариме на хрватската влада и на хрватскиот народ за нивната непоколеблива поддршка на Украинците во борбата против руската агресија“,

заклучи тој.

Реакцијата на украинската дипломатија е одговор на коментарот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.

Милановиќ додаде и дека Хрватска, освен со испраќање хуманитарна помош во Украина и осуда на агресијата, не треба да биде учесник во конфликтот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсења на Бит Пазар и во Карпош поради дрога

Следно

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

Latest from Blog

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop