Мерцедес му се враќа на бензинот

February 24, 2024
1 min read

По најново, компанијата сега очекува продажбата на електрифицирани возила, вклучително и хибриди, да изнесува до 50% од вкупниот број до 2030 година – пет години подоцна од нејзината прогноза од 2021 година, кога имаше за цел да ја достигне пресвртницата од 50% до 2025 година.

Производителите на автомобили и добавувачите многу се обложуваа на идната побарувачка за електрични возила, но инвестициите во капацитетот и развојот на оваа технологијата ја надминаа реалната побарувачка за електрични коли, што ги натера производителите на автомобили да ги прилагодат плановите и да ги направат поскромни.

Извршниот директор Ола Каелениус предупреди кон крајот на минатата година дека дури и во Европа, продажбата најверојатно нема да биде како што се очекуваше до 2030 година, со тоа што автомобилите на батерии во моментов сочинуваат само 11% од вкупната продажба, а 19% вклучувајќи ги и хибридите.

Каелениус рече дека Мерцедес сака клиентите и инвеститорите да знаат дека е добро позициониран во производство на стандардни автомобили и е подготвен да ја унапредува технологијата во следната деценија.

По ваквите пораки, акциите им пораснаа за 5,9%.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка сообраќајка во Битола, има повредени

Следно

За Леонид Индов: ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара, до сега добија понуда од 80.000 денари!

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop