Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово

January 31, 2023
1 min read

Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај.

За продолжување на судењето предвидено е свои искази да дадат сведоци предложени од Обвинителството, кои минатиот пат беа поучени дека треба да дојдат повторно на 31 јануари. На последното рочиште на 27 декември 2022 година претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември 2022 година откако од септември 2022 година до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

Следно

Франција и Италија купуваат околу 700 ракети Астер

Latest from Blog

Лабудовиќ најави 24/7 обезбедување во сите училишта и градинки во Центар

Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите, порача Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар. Тој најави дека дел од неговата програма

Ѓорѓиевски: Имаме стабилно мнозинство и подготвен тим за ново Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа координативна средба со советничкото мнозинство во Град Скопје, предводено од носителот на листата Даме Димитровски. „Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко

Ќерката на Ким Кардашијан го шокираше светот

Норт Вест, 12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, предизвика многу реакции откако беше фотографирана со лажни тетоважи на лицето и украс за заби, познат како „grillz“. Фотографиите стигнаа до мрежите,
Go toTop