Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

January 30, 2023
1 min read

Министерката за развој на Германија, Свења Шулце денеска изјави дека германската Влада ќе обезбеди 222 милиони долари (204 милиони евра) за Бразил за заштита на животната средина.

Од вкупната сума, 38 милиони долари се донација на Фондот за заштита на Амазон, што претставува најголем придонес за зачувување на амазонската прашума.

– Со новата Влада и тимот на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и министерката за животна средина Марина Силва, имаме голема шанса да ја заштитиме шумата и да понудиме нова перспектива на луѓето што живеат таму, истакна Шулце.

Германија, исто така, вети дека ќе им обезбеди на земјоделците 87 милиони долари заеми со ниски камати за обновување на земјоделските површини и 34 милиони долари за заштита на прашумите на Амазон.

И покрај сите тешкотии, зголеменото уништување на шумите, грабежот на земјиштето, пожарите, ужасната ситуација во која се наоѓа домородното население, ова го гледаме како можност да ја свртиме целата ситуација, наведе Лула да Силва.

Тој ја презеде функцијата претседател на Бразил на почетокот на јануари и вети дека ќе стави крај на сечата на шумите до 2030 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов им се врати на дипломатските должности во Северна Македонија

Следно

Николоски: Таравари за лична корист влегува во владата на СДСМ и ДУИ, уставни измени во овој парламентарен состав нема да се случат

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop