Вардар конечно почна со подготовки за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ

January 30, 2023
1 min read

Соочен со големи финансиски проблеми кои дополнително придонесоа неколкумина стандардни првотимци да заминат во јануарскиот преоден рок, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ги почна подготовките на помалку од три недели до почетокот на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска лига (ВМФЛ).

Подготовките, како што соопшти клубот, ќе се реализираат во Скопје, а закажани се три контролни натпревари, против Тетекс, Скопје и Работнички.

Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната во ВМФЛ на второто место со 36 бодови, бод помалку од лидерот Гостивар, а два повеќе од третопласираната Воска.

Клупското раководство соопшти дека, и покрај сите проблеми, целта на Вардар е по двегодишна апстиненција да се врати во прволигашкото друштво.

– Нашата цел и понатаму останува и сите заедно сплотени цврсто веруваме во неа, објави Вардар на социјалните мрежи.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП

Следно

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов им се врати на дипломатските должности во Северна Македонија

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop