(ВИДЕО) Ковачевски: Во Бугарија се подготвуваат избори, поединци сакаат преку националистичка реторика да добијат видливост

January 30, 2023
2 mins read

Зборувајќи за евроинтеграциите, тој рече дека очекува нов исчекор оваа година бидејќи верува дека може да се постигне потребното парламентарно мнозинство кое ќе ги осигури перспективите. Ние сме мултиетничка граѓанска држава, вели премиерот, и со внесувањето други заедници во Уставот ништо не губиме

Северна Македонија е посветена на добрососедските односи во духот на европските вредности, рече премиерот Димитар Ковачевски алудирајќи на односите со Бугарија, за кои рече „тука нема што да се тактизира“.

Ова е една од темите за кои тој зборуваше во говорот на отворањето на годишната конференција „Година на нови можности“ што денеска и утре се одржува во Скопје.

„Ние сме посветени на добрососедски односи, во духот на европските вредности. Северна Македонија им гарантира и им овозможува на сите народи и сите граѓани кои живеат на овој простор и кои ја сметаат земјава за дом, непречено да си ги остварат своите права. И тоа сме го покажале и докажале на дело многупати досега. Ние сме горди на нашето мултикултурно општество, горди сме што сме Европа во мало. Така било, така е, така и ќе биде. Друго прашање е тоа што таму се подготвуваат за нови парламентарни избори и што како и секаде, и таму постојат поединци кои преку националистичка и популистичка реторика се обидуваат да добијат видливост и гласност“,

рече Ковачевски.

Има, додаде тој, веројатно и обиди да се наштети, не само на билатералните односи, туку и на единството во Европа.

Меѓутоа, тој е уверен дека никој нема да успее да ја загрози европската агенда и верува оти годинава ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени, а со тоа и исчекор во евроинтеграциите.

„Затоа, сите ќе си ја гледаме својата работа. Наша работа е да ги штитиме националниот идентитет, стабилноста и безбедноста на државата и да го овозможиме напредокот. Ние тоа го правиме. И како што сме свети чувари на минатото, исто така нема да дозволиме никој да ни ја загрози европската агенда и нашата, заслужена, европска иднина. Во оваа 2023 година очекувам нов исчекор во европските интеграции. Верувам дека може да се постигне европско парламентарно мнозинство кое ќе ги осигури европските перспективи. Оваа оценка ја темелам на фактот дека големото мнозинство граѓани во државата, на последните парламентарни избори, дадоа доверба на проевропски политички субјекти, коишто составија проевропска Влада“,

рече Ковачевски.

Со додавањето на Бугарите и на други етнички заедници во Уставот, според него, нема ништо да изгубиме бидејќи, како што вели, ние сме мултиетничка граѓанска држава која е пример во регионот и во Европа.

На провокации, пак, порача Ковачевски, нема да подлегнува и да го спушта нивото бидејќи нечие однесување говори за личноста која тоа го применува.

„Ја разбирам претпазливоста и сомнежите. И јас имам семејство кое живее тука и си ја сакам родната земја. Но, не можам и нема да прифатам некој политички да профитира на сметка на перспективите на граѓаните и на државата. Реков, најголем дел во оваа година бев меѓу вас, граѓаните – и ги слушам вашите потреби. Тоа не се постојани предвремени избори, не се политички надмудрувања, не се блокади во парламентот, тоа не е живот во грч и кризи, во песимизам и очајување! Не, никако“,

рече премиерот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој за што, Полјаци за растурање на Руската федерација

Следно

Кривична пријава за скопјанка која со туѓа лична карта аплицирала за брз кредит

Latest from Blog

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop