Џонсон тврди дека Путин му се заканил со ракетен напад

January 30, 2023
1 min read

Путин, според зборовите на Џонсон, му рекол дека тоа „ќе потрае само една минута“

Борис Џонсон и Владимир Путин / Photo: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил со ракетен напад во телефонски разговор што го имале во пресрет на руската инвазија во февруари 2022 година.

Тогашниот премиер на Велика Британија посочува дека Путин му рекол оти тоа „ќе потрае само една минута“.

Ваквите откритија Џонсон ги дава во документарецот на „Би-би-си“ насловен „Путин против Западот“ кој се однесува на интеракциите на рускиот претседател со светските лидери.

Зборувајќи во документарецот, поранешниот британски премиер тврди дека коментарот од Путин бил даде ден откако тој предупредил дека војната ќе биде „крајна катастрофа“.

Во разговорот, тврди Џонсон, тој го предупредил рускиот претседател дека инвазија на Украина ќе доведе до санкции од Западот и до повеќе војници на НАТО на руските граници. Исто така, се обидел да ја одврати Русија од намерата за војна со тоа што рекол дека Украина нема да стане членка на Алијансата во догледна иднина. Но …

„Во еден момент тој ми се закани и ми рече: ’Борис не сакам да те повредам, но со проектил, ќе потрае само една минута‘“,

раскажува Џонсон.

Според поранешниот премиер, со оглед на опуштениот тон со кој зборувал Путин, тој смета дека рускиот претседател си играл со неговите обиди да го натера да преговара.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приватните превозници денеска на протест пред ЈСП

Следно

Зеленски: Русија се обидува да ја развлече војната, ситуацијата е тешка

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop