Чернева: Секогаш кога ќе замириса на избори ескалираат тензиите во односите меѓу Скопје и Софија

January 27, 2023
1 min read

Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам кој треба да придонесе за намалување на тензиите и за идентификување на појавите на омраза, кој е јасно наведен во Протоколот што лани го потпишаа министерствата за надворешни работи на двете земји, но тој не се спроведува, вели советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева.

– Не можеме да кажеме дека нема доволно инструменти, вели Чернева во интервју за  емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи го најновиот развој на настаните меѓу Скопје и Софија.

Чернева потенцира дека последните месеци е видливо зголемување на тензиите во меѓусебните односи, додавајќи дека ваков тип на ескалации има секогаш кога ќе „замириса на избори“.

– Од двете страни на границата има партии кои ги користат тензиите за да го подигнат својот рејтинг, заклучува Чернева.

Таа смета дека во вакви услови обичните луѓе се наоѓаат во средини изложени на притисок на „екстремите од двете страни“ и стануваат жртви на таквиот притисок.

– Тоа се процеси кои не оддалечуваат од срцето на евроинтеграциите и не ставаат во маргинална позиција, затоа што се занимаваме со билатерални кавги. Квалитетот на нашето европско членство се повеќе слабее, додава Чернева.

Според неа, ваквото зголемување на тензиите „дополнително им го отежнува животот на Бугарите во Република Северна Македонија“.

– Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот претседател со атентат. Ваквиот тип на закани не треба да бидат дел од билатералните односи. Одржувањето на добар тон и пристојност ќе им помогне на Бугарите кои живеат во Северна Македонија многу повеќе од овој прилично неодговорен пристап, смета Чернева.

Таа нагласува дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје претставува „несоодветен гест“, бидејќи такви чекори се преземаат во „исклучителни ситуации“.

– Оваа ситуација почнува да ми изгледа како намерна. Многу е лесно да се предизвика надолна траекторијата во билатералните односи. Тешко е спротивното – да се создаде амбиент во кој нема да се случуваат такви работи, вели Чернева, додавајќи дека „по толку години непријателство“ работите не може да се остават да се случуваат сами од себе. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Следно

Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца

Latest from Blog

Аријана Гранде реагира на номинацијата за Златен глобус: Малку сум изненадена

Популарната 32-годишна актерка и пејачка беше номинирана минатата година за првиот дел од филмот, а сега и за продолжението во 2025 година. Изненадена и длабоко почестена Во интервју за „The Hollywood Reporter“,

Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!

ФОТО: Manchester United/FB Конечно. Ова е вистинскиот Јунајтед, убедлив, разигран, па макар и против најслабиот тим во ПЛ. Манчестер Јунајтед го победи Вулверхемптон во 15-то коло од Премиер лигата со резултат 4:1,

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,
Go toTop