Спасовски: Да не се блокираат патишта, апелирам на мирно и достоинствено чествување

January 27, 2023
1 min read

Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје.

-Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови, потенцира Спасовски.

Министерот рече дека имаат секојдневни активности МВР и агенциите и дека се формира посебен штаб за оваа активност. Спасовски е уверен дека нема да биде многу голем бројот на оние кои се организираат и сакаат да дојдат, бидејќи, како што посочи, граѓаните не се расположени за конфликти, сакаат стабилизација и напредок.

-Апсолутно нема да дозволам како МВР понижување на македонскиот народ и држава, најмалку да не понижи некој кој доаѓа од надвор. Ние сме народ кој е гостопримлив, кој знае да укаже чест и почит, но таа чест и почит мора да ни биде возвратена. Нема да дозволиме дома некој да ни дојде за да не понижува. Во тој дел институциите работат и прибираат информации, нагласи Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

За тоа дали европратеникот Ангел Џамбаски ќе биде прогласен за персона нон грата, Спасовски рече дека ќе ја носат одлуката кога ќе дојде време за тоа.

-Одлуките не се прејудицираат, посебно во делот на безбедноста. Не може да ги кажете плановите и да излезе во јавност и така да се отвориме пред сите. Тоа можат да го прават неодговорни политичари. Институциите ќе работат сериозно врз основа на сите сознанија, ќе бидат вклучени сите сектори задолжени во овој дел за на крајот да ја постигнеме целта, а тоа да биде со мир, стабилност и безбедност за нашите граѓани и држава, рече Спасовски. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиен шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран

Следно

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Latest from Blog

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и

Љутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

Заштита на културното наследство и обука и вработување на стручен кадар кој е дефицитарен, реорганизација и оптимизација на дел од националните установи, без отпуштање на вработени, ова се дел од клучните поенти
Go toTop