(ФОТО) Еден убиен и четворица повредени во напад на цркви во шпанскиот град Алхесирас 

January 26, 2023
1 min read

Напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор, а шпанските власти, според агенциите, го истражуваат инцидентот како можен терористички акт

Едно лице е убиено, а друго тешко рането кога маж вооружен со мачета вчера нападнал две цркви во шпанскиот град Алхесирас, соопшти министерството за внатрешни работи на земјата.  

Шпанската полиција ги истражува мотивите за нападот/Фото: EPA-EFE/A. Carrasco Ragel

Како што соопштил портпаролот на градската администрација на Алхесирас за Ројтерс, во нападот е убиен Диего Валенсија, црковно лице во  црквата Нуестра Сењора де Ла Палма, додека титуларниот свештеник на парохиската црква Сан Исидро, Антонио Родригез, е меѓу повредените. 

Шпанските судски власти, според Асошиејтед прес (АП), го истражуваат инцидентот како можен терористички акт, а полицијата се обидува да ги утврди мотивите за нападот. 

Според информациите, напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор во шпанската национална полиција. Од министерството за внатрешни работи на Шпанија не го соопштиле идентитетот на осомничениот.  

Инаку, локалните медиуми јавуваат дека во нападот се повредени уште три лица.  

Осомничениот маж прво влегол во црквата Сан Исидро и со мачета го нападнал свештеникот, кој е тешко повреден и хоспитализиран според локалните медиуми. 

Напаѓачот потоа отишол во црквата во Нуестра Сењора де ла Палма каде со мачетата го убил црковното лице пред верскиот објект. 

Полициски екипи вршат увид на местото на нападот пред црквата Нуестра Сењора де ла Палма/Фото: EPA-EFE/A. Carrasco Ragel

Шпанскиот премиер Педро Санчез на својот твитер-профил изрази сочувство за жртвите од „страшниот напад“ во Алхесирас. 

Генералниот секретар на шпанската бискупска конференција, Франциско Гарсија на Твитер напиша дека „со голема болка ја примил веста за инцидентот во Алхесирас“. 

„Ова се тажни моменти, нас не обединува болката на семејствата на жртвите и на епархијата Кадиз“,  

додаде тој.

Хозе Игнасио Ландалусе, градоначалникот на Алхесирас, за денеска прогласи ден на жалост во градот и митинг пред црквата Нуестра Сенора де Ла Палма напладне. 

Градот Ахгесирас се наоѓа на самиот југ на Шпанија и е едно од најважните пристаништа на таа земја. 
 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oткако ги смени бравите, денеска в.д. директорот на МКЦ забрани снимање во култниот центар за новинарските екипи

Следно

Задолжителен паркинг за велосипеди – Центар одлуката ја донесе уште минатата година

Latest from Blog

Танчер на Лејди Гага падна од сцената- пејачката веднаш го прекина настапот (ВИДЕО)

Падот на танчерот се случи за време на настапот на стадионот „Акор“ во Сиднеј, како дел од долгоочекуваната турнеја MAYHEM Ball, пишува „Дејли меил“. Гага го прекина настапот Сиднеј бил погоден од

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва. Како што дознаваме неофицијално, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра. Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а
Go toTop