Супервештачењата за „Ласкарци“ денеска во Кривичен

January 26, 2023
1 min read

Супервештачењата изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери ќе бидат на увид на денешното рочиште за случајот „Ласкарци“ во Основниот кривичен суд во Скопје, откако на минатото рочиште пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење, нарачан од Судот во декември 2021 година и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

На минатото рочиште судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи денеска со увид во супервештачењата.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голем руски ракетен напад врз Украина

Следно

Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено обвинението против 5 лица кои силуваа 11-годишно девојче!

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста

Руско беспилотно летало оштети станбена зграда во украинскиот град Одеса, пет лица се повредени

ОДЕСА (АА) – Најмалку пет лица, меѓу кои две деца, се повредени откако руско беспилотно летало погоди станбена зграда во Одеса рано утринава, соопштија локалните власти, јавува Анадолу. Олех Кипер, началник на
Go toTop