Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора

January 26, 2023
1 min read

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.

Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“.

„Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон.

Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.

„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.

На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора.

„Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа.

Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора.

„Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Тенковите од западните сојузници мора да бидат испорачани што побрзо 

Следно

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, застои нема

Latest from Blog

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој

Кражба “тешка“ 5 милиони евра во електровлечната подстаница Драчево

Кражба тешка пет милиони евра се случила во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, соопштуваат од министерствто за транспорт.. Оттаму велат дека при кражбата е предизвикано целосно уништување

Општина Битола: 15,5 милиони денари за нови спортски терени во ОУ „Даме Груев“

Во тек е обновата на спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт, физичко образование и рекреација. Како што информира Општина

Куба го враќа ударот: Формирале тајна мрежа на шпиони и активисти на универзитетите во САД

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, рече дека извештајот има за цел да го разоткрие она што тој го опиша како децениска кампања на Хавана против Соединетите Држави. „Повеќе од шест децении,
Go toTop