(ФОТО) Маж со нож напаѓаше патници во воз во Германија, има и мртви

January 25, 2023
1 min read

Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачот и за неговите мотиви

Маж со нож нападнал патници во воз во Германија, а при нападот има и жртви и неколку повредени, објави германските медиуми.

Нападот се случил во воз кој патувал на релација од Кил кон Хамбург односно пред да стигне на железничката станица во Брокштет.

Весниците „Билд“ и „Шпигел“ објавија дека убиени се најмалку две лица.

Фото: EPA-EFE/FLORIAN SPRENGER

„Билд“ пишува и дека повредени се петмина, како и дека осомничениот е уапсен.

Според информациите на „Шпигел“, пак, напаѓачот бил на возраст од 20-30 години, а пријавата за нападот во полиција пристигнала во 14:55 часот.

Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачот и за неговите мотиви.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 68 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Следно

Бајден: Поддршката на Украина е „обврска на светот“

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop