Блумберг: САД ќе испратат над 30 тенкови „Абрамс“ во Украина

January 25, 2023
1 min read

САД ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина како нова воена помош вредна 400 милиони долари, соопшти денеска Блумберг, преку повеќе објави на Твитер.

Претходно денеска, неименуван американски претставник за агенцијата Анадолија изјави дека американскиот претседател Џо Бајден утре или во наредните неколку дена ќе соопшти дека САД во Украина ќе испратат тенкови „М1 Абрамс“.

– Претседателот Бајден ќе објави дека ќе испорача тенкови „М1 Абрамс“ во Украина, рече изворот и додаде дека пакетот што ќе биде објавен може да вклучува тенковска единица, односно контингент од 30 до 50 тенка.

Овој чекор на администрацијата во Вашингтон доаѓа откако Германија се двоумеше да испорача тенкови „Леопард“ во Украина, по што денеска донесе позитивна одлука.

Обраќајќи им се на новинарите во текот на денот, американски официјални претставници изјавија дека Вашингтон е склон да испорача тенкови на Украина во рамките на дипломатски договор со Германија.

Според тоа, САД ќе испорачаат на Украина тенкови „М1 Абрамс“ во замена за тоа што Германија на Украина и Полска ќе треба да им ги отстапи тенковите „Леопард“ од сопствениот инвентар и да одобри согласност на други држави да понудат тенкови од германско производство на Украина.

Американската администрација тврдеше дека во оваа фаза не е соодветно на Украина да ѝ се дадат тенкови „Абрамс“, повикувајќи се на скапото одржување и обуката.

Меѓутоа, официјалните претставници кои разговараа со американските медиуми сугерираа дека ставот на Вашингтон се променил при телефонскиот разговор на 17 јануари меѓу Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, наведува Анадолија.

Тенкот Абрамс е во употреба од 1980 година и оттогаш се произведени околу 10.700 во различни верзии.

Се користеше во Заливската војна, како и во војните во Авганистан, Ирак и Јемен.

Претходно денеска Германија одобри испраќање на тенкови Леопард 2 во Украина и нивен повторен извоз од земјите партнери.

Во првиот пакет во Украина ќе бидат испорачани 14 Леопард 2 од германските воени резерви, а Берлин ќе обезбеди логистика и муниција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Зеленски за време на интервју дозна дека Германија ќе испрати тенкови за Украина

Следно

Изречени 68 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop