Зеленски: Армијата побара мобилизација на уште 450-500 илјади луѓе

December 19, 2023
1 min read

Украинскиот претседател нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека армијата побарала мобилизација на уште 450 до 500 илјади луѓе, но дека конечната одлука се уште не е донесена. Украинскиот лидер на прес-конференција во Киев одржана по повод крајот на годината рече дека армијата и владата ќе разговараат за ова „многу чувствително прашање на мобилизација“ и дека потоа ќе биде испратено на разгледување во парламентот.

Мобилизирањето на таков опсег ќе бара и дополнително финансирање, додаде тој.

„Тие предложија мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе. Ова е многу сериозна бројка. Одговорив дека ќе ми требаат дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Затоа што, пред се, се работи за луѓе, второ, се работи за правичност, одбранбени способности и финансии“,

рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра.

Поранешниот украински министер за одбрана Олексеј Резников минатото лето изјави дека околу милион луѓе се активни во украинскиот безбедносен и одбранбен сектор.

Украинскиот претседател рече и дека Украина ќе добие „повеќе“ од новите американски противвоздушни системи „патриот“, кои се вредни за одбрана од Русија.

„Нема да зборувам за бројките, но повеќе системи ‘патриот’ ќе бидат испратени во Украина за да ја бранат нашата земја во текот на зимата“,

објасни тој.

Зеленски оцени и дека никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши војната со Русија, по речиси две години од рускиот напад.

„Мислам дека никој не го знае одговорот“,

рече тој.

Украинскиот претседател додаде и дека не може да се одржат парламентарни избори додека трае војната. Зеленски постојано повторуваше дека одржувањето на избори може да го поткопа единството и дека Русија може да го искористи тоа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш

Следно

Претседателот Пендаровски ги посети транзитниот центар Винојуг на јужната граница на државата и припадниците на Армијата во Млаз Богданци

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop