Портпаролката на СЗО за состојбата во болниците во Газа: Невозможно е да се поверува дека светот дозволува вакво нешто

December 19, 2023
1 min read

Маргарет Харис, портпаролка на Светската здравствена организација, ситуацијата во болниците во Газа ја опиша како „апсолутно неверојатна“ и „неразбирлива“

Претставници на Обединетите нации денеска изразија гнев и неверување за состојбата на болниците во Газа, каде што на ранетите им недостасуваат основни лекови, а деца со ампутирани екстремитети умираат додека закрепнуваат.

„Огорчен сум што децата кои се опоравуваат од ампутации во болница умираат во истите тие болници“,

изјави Џејмс Елдер, портпарол на Детскиот фонд на ОН.

Болницата „Насер“, најголемата болница во палестинската енклава која сè уште е во функција, беше бомбардирана двапати во изминатите 48 часа, додаде Елдер.

Една од жртвите на овие последни напади е тринаесетгодишното девојче Дина, кое го преживеа нападот на нејзиниот дом во кој беше убиено нејзиното семејство, информира тој.

„Каде треба да одат овие деца и семејства? Тие не се безбедни во болниците, ниту во засолништата, па тие не се безбедни ниту во таканаречените безбедни зони. Конечно, бесен сум затоа што лицемерието уништува секаква емпатија“

изјави Елдер, додавајќи дека „е бесен и на себе затоа што не може да направи ништо повеќе“.

Маргарет Харис, портпаролка на Светската здравствена организација, ситуацијата во болниците во Газа ја опиша како „апсолутно неверојатна“ и „неразбирлива“.

„Тие ги немаат најосновните работи. Еден од моите колеги опиша како луѓето лежеле на подот, се грчеле од болка, во агонија, но не барале нешто да им ја олесни болката. Не, тие плачеле за вода. Невозможно е да се поверува дека светот дозволува вакво нешто да продолжи да се случува“,

истакна Харис.

Претходно денеска, во израелските напади загинаа најмалку 28 лица во јужниот дел на Појасот Газа, а израелските војници упаднаа во една од последните функционални болници во северниот дел на енклавата, во време на тековната офанзива против палестинската исламистичка група Хамас.

Израелските сили упаднаа во болницата „Ал Ахли“ во градот Газа во текот на ноќта, уривајќи го ѕидот на влезот и приведоа голем број вработени, се вели во соопштението на црквата што ја води болницата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Додека се движел му се слошило и паднал, маж почина во Старата скопска чаршија

Следно

Законот за матична евиденција утре повторно на седница на Уставниот суд

Latest from Blog

Апокалиптични слики од поплавите во Тексас

Апокалиптични и траорни снимки пристигнуваат од Тексас, САД каде реката Гвадалупе го надмина речното корито, а водата на реката достигна ниво поголемо за 8 метри носејќи куќи, автомобили и животи. Според последните

М-НАВ и официјално стартува со вработувањата за кои Синдикатот тврдеше дека се спорни

АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, компанија во државна сопственост, соопшти дека презема низа чекори за кадровско засилување, модернизација на опремата и имплементација на нови технологии, во насока на целосна реорганизација

Ѓоковиќ во четвртфинале на Вимблдон

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3:1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон. Тој во денешното осминафинале направи пресврт

Земјотрес во Струмица и Валандово

Денеска во 13:35 часот, телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во епицентралното подрачје Валандово, на
Go toTop