Америка 2023: Повеќе масовни убиства отколку денови

January 25, 2023
1 min read

Во првите три недели од годинава, во САД се забележани дури 39 масовни убиства. Меѓу нив, едно на југот од Сан Франциско каде загинаа 7 луѓе (Half Moon Bay) и едно во Калифорнија каде загинаа 11-мина (Monterey Bay). Најголем дел од инцидентите се случиле на југот од земјата, во држави како Луизијана и Флорида. 

За целата 2022-ра се избројани 647 масовни пукања со смртни последици а во 2021-ва имало 690.

Gun Violence Archive го дефинира масовно убиство како ситуација во која најмалку четворица луѓе се застрелани, убиени или повредени, не вбројувајќи го напаѓачот. 

Претседателот Бајден во реакцијата на пукањето во Сан Франциско го повика Конгресот да ја усвои забраната за поседување оружје што сега е уште помалку веројатно, бидејќи таму контролата ја имаат Републиканците.

Претседателот на претставничкиот дом, републиканецот Кевин Меккарти, лани побара од неговите партиски колеги да ја поддржат реформата, но Демократи сметаат дека таа не е доволна и му замеруваат што не се обратил јавно по повод последните масовни убиства. Меккарти изјавил дека чека повеќе информации за последните убиства во Калифорнија, и посочил дека „иако Калифорнија е меѓу државите со најстроги закони околу поседувањето оружје, очигледно е дека тоа не изиграло голема улога во случајот со Монтереј Беј“.

И, не е работата само да преживееш.

Еден повреден од масовните пукања му се пожалил на гувернерот на Калифорнија Гавин Нусам дека бара начин што побрзо да излезе од болница заради астрономските цени на престојот и медицинската нега.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Англиските клубови оваа зима потрошија рекордни 440 милиони фунти за засилувања

Следно

Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop