Доњецк: Медицинските екипи ги евакуираат ранетите украински војници за време на интензивните судири

December 19, 2023
1 min read

ДОЊЕЦК (АА) – Медицинските екипи ги евакуираат ранетите украински војници во источниот регион на Доњецк за време на интензивните судири со руските сили во таа област, особено во близина на градот Авдиевка, јавува Анадолу.

Од првата линија на фронтот медицинските тимови ги евакуираат ранетите војници во „стабилизациски точки“ далеку од местото каде што продолжува конфликтот меѓу руските и украинските сили.

Медицинските екипи, по известувањето за ранетите војници, веднаш заминуваат на фронтот и остануваат во рововите за да им укажат прва помош.

За да избегнат можни напади со беспилотни летала или артилериски напади, тие претпочитаат да работат ноќе, но својата должност ја извршуваат и во опасни средини во текот на денот во случаи кога има тешко повредени.

„Наша главна должност е да го запреме крвавењето на ранетите, да ги превиеме и да им дадеме лекови за да се доведат до ‘точка на стабилизација’“, изјави за Анадолу командантот на украинскиот медицински тим, со кодно име Велики.

Тој рече дека тој и неговиот тим им давале прва помош на повредените војници што доаѓаат од неколку области и дека моментно најинтензивните судири меѓу руските и украинските сили се водат кај Авдијивка, како и кај Купијанск и Бахмут.

„Генерално работиме во правец на Доњецк. Интензитетот на конфликтот е зголемен од 10 октомври. Понекогаш се намалува, понекогаш повторно се зголемува. Имаме многу тимови што работат на ротација, 24 часа сме на повик“, рече Велики.

Тој е горд што никој не загинал под нивен надзор при евакуацијата.

„Се трудиме да си ја завршиме работата ефикасно и брзо. На фронтот сум повеќе од една и пол година. Нашиот тим е добар, добро координиран и секој знае што треба да направи“, посочи Велики и додаде дека повредите со кои се здобиле војниците во последно време најчесто се предизвикани од напади со беспилотни летала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца скопјани вчера настрадаа од улични кучиња

Следно

Европски Сојуз за Промени: Стево Пендаровски на најнепожелен начин го заврши мандатот

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop