Замореноста со Украина е проблем што Западот сам го создаде

December 19, 2023
1 min read

Мартин Сандбу во текстот за Фајненшл тајмс порачува „немојте да бидете охрабрени од способноста на ЕУ лидерите да го избегнат најлошиот исход“. Како пример за тоа е одлуката за започнување на преговори за членство со Киев, а процена на Сандбу е и дека ЕУ на крај ќе најде начин да ги обезбеди ветените 50 милијарди евра годишно за Украина.

Тој смета дека ова се одлуки кои веќе се надзираа и беше малку веројатно да не се случат. Тие се донесени во време кога и јавната перцепција за шансите за спас на Украина стана значително негативна.

„Фокусот се префрли од хероизмот на Зеленски на неговата истоштеност, и од украинското единство на политичките поделби. Голем дел од дебата е за недовербата меѓу претседателот и неговиот највисок командант, и забавената контраофанзива. Неуспехот на Западот да однесе нова финансиска и воена помош со право привлече многу внимание.

Меѓутоа ништо од ова не е ново. Нетрпеливоста на Зеленски кон популарноста на Залужниј и вознемиреноста околу постапките на сопствениот тим, одамна се познати. Не е ни шок што тој е истоштен. А што се однесува на разочарувачката контраофанзива, воените експерти и пред почетокот опоменуваа дека ќе биде досега невиден успех таква операција да успее во отсуство на воздушна супериорност. А проблемите на САД и ЕУ со обезбедување на ветените пари траат со месеци,“ пишува Сандбу.

Тоа што го изненадува него е брзината со која овие добро познати факти почнаа да се толкуваат како слика за нерешителна Украина и колеблив Запад.

„Лекцијата, со други зборови, е колку брзо може да се распадне наративот дури и без големи промени на терен. Во рок од неколку недели кладбата на Владимир Путин дека Западот не може да го издржи овој курс изгледаше подобро од кога и е да,“ порачува Сандбу.

Работата што сега треба да ја направат западните лидери е наместо ветувања дека ќе го поддржуваат Киев колку долго и да треба, е да се соочат по дома со јавноста која станува уморна од продолжениот конфликт, кој пак се случува заради нивното одбивање да ја снабдат Украина со најмоќните оружја.

„Лидерите се соочуваат со неопходноста да потрошат многу повеќе политички капитал денес бидејќи претходно ги избегнувале тешките политички избори. Ова важи и за оружјето и за финансиите. И потекнуваат од исто место: европскиот неуспех да го одржи ветувањето за 1 милион артилериски гранати за Украина потекнува од нивните ограничени производни капацитети, капацитети кои би биле поголеми доколку Европа порано вложеше пари.

Грубо кажано, западните лидери ја наведоа својата јавност да верува дека ова ќе биде полесно отколку што е,“ порачува Сандбу.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Книжевен клуб за деца во Europe House Скопје: Работилница за креативно пишување со Ана Голејшка

Следно

Лога: Процесот на екстрадиција на Палевски е во тек и сѐ е како што треба

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop