Комитет за заштита на новинарите: Во 2022 година убиени 67 медиумски работници

January 25, 2023
1 min read

Бројот на убиени новинари минатата година е за 50 отсто поголем во споредба со 2021 година, а најголем број жртви се регистрирани во Хаити, Украина и Мексико, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ).

Во 2022 година убиени се 67 медиумски работници, што е најсмртоносна за новинарите од 2018 година. Најмалку 41 од нив биле убиени додека поради нивната работа, додека се уште се истражуваат мотивите за другите 26.

Во Украина убиени се 15 медиумски работници, во Мексико 13, а на Хаити седум.

На Хаити, некои загинаа од улични банди, а најмалку двајца новинари беа застрелани од полицијата.

– Известувањето на Хаити во денешно време е исклучително тешко за новинарите, особено во главниот град. Корупцијата е насекаде, нема никој на кој можете да сметате, изјави новинарот на Радио Караибес, Мекенсон Реми.

ЦПЈ наведува дека новинарите во Украина се соочуваат со огромен ризик. Медиумските работници често се повредени од гранатирање додека известуваат за конфликтот, а некои биле мета на руските сили.

Убиствата во Мексико се карактеризираат и водени од неказнивост, како убиството на фоторепортерот од Тихуана, Маргарито Мартинез, на 17 јануари 2022 година, а само пет дена подоцна следеше убиството на Лурд Малдонадо Лопез.

– Тие кои ги нарачаа убиствата никогаш не беа уапсени, испраќајќи ја пораката дека секој може да дојде наоколу и да ве убие за 1.000 долари, се наведува во извештајот на ЦПЈ.

Во документот се наведува и убиството на истражувачкиот новинар од Лас Вегас, Џеф Герман, кој беше избоден до смрт пред својот дом на 2 септември, наводно од локалниот политичар кој го истражуваше Герман.

ЦПЈ ја нотири и смртта на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на Ал Џезира, која беше застрелана од израелски војник додека известуваше за напад на израелската војска во Џенин, Западниот Брег.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено респираторно заболување

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се
Go toTop