Кина: Ветото на САД за прекинот на огнот во Газа е „разочарувачко и жално“

December 9, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Пекинг денес истакна дека ставањето вето на Соединетите Американски Дрѓави (САД) за резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа е „разочарувачко и жално“, јавува Анадолу.

„Крајно е разочарувачки и жално што е ставено вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа“, истакна Џанг Џун, постојаниот амбасадор на Кина во ОН, преку социјалната мрежа Х.

Амбасадорот рече дека нацртот има речиси 100 коспонзори, и дека Кина е еден од нив.

„Иако на резолуцијата е ставено вето, ставот на меѓународната заедница е јасна, итен хуманитарен прекин на огнот е најважниот приоритет“, рече тој.

„Нема да застанеме, туку ќе продолжиме да вложуваме напори за да спасиме животи, да ја поддржеме правдата и за постигнување мир.“

Во посебна изјава, Џанг истакна дека одобрувањето за продолжување на борбите додека се тврди дека се води грижа за животите и безбедноста на луѓето во Газа и за хуманитарните потреби таму е „контрадикторно само по себе“.

„Да се дозволи продолжување на борбите додека заговарате спречување на ширење на конфликтот е самозалажување. Да се одобри продолжување на борбите додека се споменува заштитата на жените и девојчињата, и човековите права е крајно лицемерно. Сето ова уште еднаш ги покажува двојните стандарди,“ додаде тој.

Вчера САД ставија вето на резолуцијата предложена од ОАЕ и поддржана од над 90 земји членки. Резолуцијата доби 13 гласа „за“, додека Велика Британија беше воздржана.

На 1 декември, Израел ја продолжи својата воена офанзива во Појасот Газа, откако заврши еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група на отпорот Хамас.

Најмалку 17.487 Палестинци загинаа, а над 46.480 се ранети во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата кои траат од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата целосно го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

Следно

Нермина Кочан: Скопје засрами се, само три лица дојдовме на најавениот протест за правда за Вања

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop