Ирска, еден од предлагачите на резолуција во СБОН за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа

December 8, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Ирска денес соопшти дека ќе биде една од предлагачите на резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за хуманитарен прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

Резолуцијата ќе бара итен хуманитарен прекин на огнот, заштита на цивилите и почитување на меѓународното право, итно и безусловно ослободување на заложниците и итен пристап на хуманитарната помош, соопшти ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин преку платформата Х.

„Советот мора да дејствува“, нагласи тој.

Израел ја продолжи својата воена офанзива против Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Најмалку 17.177 Палестинци загинаа, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, билансот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесена кривична пријава за лицето кое го однело Палевски од Белград во Турција

Следно

Притвор за лице кое се заканувало и вознемирувало обвинител и неговото семејство

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop