Блинкен: И понатаму постои јаз меѓу намерата на Израел да ги заштити цивилите и резултатите на терен

December 8, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сè уште постои голем јаз меѓу намерата на Израел да ги заштити цивилите и резултатите на теренот во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Овде сме веќе една недела, во оваа кампања на југот, по завршувањето на хуманитарната пауза, останува императив Израел проактивно да ги штити цивилите“, рече Блинкен на прес-конференција во Вашингтон со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додавајќи:

„Останува јаз помеѓу точно она што го кажав кога бев таму, намерата да се заштитат цивилите и вистинските резултати што ги гледаме на теренот. Има голем број работи за кои мислиме дека би било важно навистина да се фокусираме не само на тоа да имаме безбедни области, туку и да се погрижиме комуникацијата да биде таква што луѓето да знаат каде можат да одат, кога можат безбедно да одат таму, што е многу јасно кога има периоди на можност за премин од едно до друго место“.

Тој рече дека Соединетите Американски Држави (САД) редовно разговараат со Израелците, вклучувајќи го и разговорот на претседателот Џо Бајден вчера со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за заштита на цивилите.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 17.177 Палестинци, објави вчера Министерството за здравство во опколената енклава.

„Околу 70 отсто од жртвите се деца и жени“, изјави портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра.

Околу 46.000 луѓе се повредени во израелските напади врз Појасот Газа.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза во конфликтот со палестинската група на отпорот Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ја поздравија средбата меѓу Ердоган и Мицотакис

Следно

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop