Почина парламентарката што ги бараше СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и Фајзер

December 5, 2023
1 min read

Риваси е пратеничка во Европскиот парламент уште од 2009, а својот последен мандат речиси целосно го посветува на „Фајзергејт“ аферата која се однесува на пораките кои Фон дер Лајен ги разменува со Алберт Борула околу преговорите за купување 1,8 милијарди дози на ковид 19 вакцини за ЕУ.

ЕУ, а Фајзер уште помалку, до денешен ден ги немаат објавено условите на договорот за набавката на вакцините.

Европскиот суд на правдата некаде на почетокот на 2024 треба да донесе одлука околу Фајзергејт, по тужба на Њујорк тајмс дека Европската комисија не дала пристап до пораките од комесарката.

Порачувајќи дека на јавноста и понатаму упорно и се ускратуваат информациите за условите под кои е  направен еден од најголемите договори во историјата на ЕУ (кхм, Бехтел, кхм, кхм) од Тајмс инсистираат дека на „јавните службеници не треба да им биде дозволено да избегнуваат надзор со тоа што нема да ги зачуваат информациите или ќе најдат алтернативни форми на комуникација за да избегнат објавување на податоците.“

Во време на пандемијата Риваси беше против задолжителното вакцинирање и ковид сертификатите.

70-годишната Риваси пред кариерата во Европскиот парламент е пратеничка во францускиот парламент во периодот од 1997 до 2002, по што две години и директорка на Гринпис во Франција.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заедничка изложба на фотографии на Јана Кузманоска и Тања Кузманоска и промоција на електронска фото-стихозбирка

Следно

Муцунски: Инфомакс не е медиум, туку веб страна, финансирана од државно акционерско друштво, каде монструозниот убиец Љупчо Палевски ширеше омраза и кон мојот татко

Latest from Blog

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора во интервју за МИА вели и во Брисел на билатерално ниво се работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија. Тој нагласува дека полското претседателство

Парламентарни избори во Албанија: Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив
Go toTop