Пандов: Сите македонски граѓани и патриоти на 4 февруари треба да бидат во Св. Спас на гробот на Гоце Делчев, да се поклониме на херојот кој се вгради во нашата борба за државност

January 24, 2023
1 min read

Сите македонски граѓани и патриоти на 4 февруари треба да бидат во Св. Спас на гробот на Гоце Делчев, да се поклониме на херојот кој се вгради во нашата борба за државност, кажа Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Пандов посочи дека од Бугарија се планира со бугарска иконографија да дојдат и да пропагираат како Македонија е бугарска, како е Гоце Делчев Бугарин.

„Затоа, секој еден Македонец што е загрижен и што се чувствува како патриот очекувам дека на 4-ти февруари ќе биде пред Црквата „Св. Спас“ и ќе дојде да се поклони на гробот на Гоце Делчев, дотолку повеќе што оваа година се 120 години од неговото раѓање“, рече Пандов.

„Во што е тука проблемот ако Македонците се соберат, па нели тоа треба да го направиме ? Тоа треба државата да го поттикне. Ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а најмалку Димитар Ковачевски не не штитат тогаш во таква ситуација Македонците сами сакаат да си го заштитат своето свето што им е“, изјави Пандов.

Пандов е дециден дека сите македонски граѓани, сите патриоти и секој еден што чувствува дека Гоце Делчев е заслужен за тоа што ние 1944 година добиваме држава да дојде на 4-ти февруари во Црквата „Св. Спас“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дачиќ: Подготвени сме да работиме на имплементација на француско-германскиот предлог

Следно

Апсење на натпрееварот Ливерпул – Челзи

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop