Кривичниот суд потврди: Тројца осомничени за убиството на Вања добија притвор од 48 часа

December 4, 2023
1 min read

Од Кривичниот суд апелираат, поради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавен интерес, но и предистражната постапка која е сè уште во тек, за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот јавен обвинител

Кривичниот суд Скопје определил притвор од 48 часа за три лица од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и на П.Ж. од Велес.

Оттаму информираат дека трите лица биле спроведени рано утринава во судот, а судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството за притворот.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело“,

соопштија од Кривичниот суд.

Оттаму посочуваат и дека мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.

„Поради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и предистражната постапка која е сè уште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот јавен обвинител“,

додаваат од Кривичниот суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски, во зградата на Јавното обвинителство денеска во 9:30 часот ќе одржат прес-конференција, на која се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.

Прес-конференцијата е закажана за 9:30 часот во просториите на Обвинителството.

Спасовски и Бубевски се очекува да кажат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот.

Се очекува и објаснување за квалификацијата „користољубие“, која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека полицијата во текот на вчерашниот ден е пронајдена мртва 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која веќе седум дена се водеше за исчезната.

Оттаму соопштија дека во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж. (74) од Велес, кој на 24.11.2023 г. беше пријавен за исчезнат.

Како што се вели во соопштението на Обвинителството, од спроведените истражни дејствија, утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Исчезнувањето на 14-годишната Вања беше пријавено во полиција минатиот понеделник во 8:35 часот изутрина, а случајот во јавноста го обелодени мајката на тинејџерката преку објава на социјалните мрежи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавена поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов од македонскиот писател Зоран Пејковски

Следно

Открил кое време оди на училиште: Вања е грабната со знаење на таткото

Latest from Blog

Најмалку 15 Палестинци се убиени, повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 цивили се убиени, а повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа од утринава, според медицински извори, јавува Анадолу. Во израелските напади се убиени пет

Сеќавање на Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште

На денешен ден, на 14 јули 1998 година, почина Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште. Тоа беше денот кога тој стана бесмртен. За Ненад Стојановски се вели

Активно гори на 5 локации во Македонија

Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простот се активни пет пожари, а 19 се изгаснати. Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николич каде

Трагичен викенд: ТРИ лица се удавија во Грција

Според крајбрежната стража, напладне во недела, пристанишните власти во Солун биле известени дека тело на жена е пронајдено во морскиот дел на пристаништето А. Жената имала околу 50-55 години, но не се
Go toTop